44
Охридската противпожарна служба доцна синоќа морала итно да реагира по пријава за запалено возило.
Оттаму велат дека нешто по 01:30 часот, примиле дојава за запалено возило во стариот дел на градот Охрид на тешко пристапен терен.
-Апелираме граѓаните да ги паркираат своите возила на соодветни места како би овозможиле полесен пристап на возилата на ТППЕ и Брза Помош, стои во објавата на ТППЕ Охрид.