Ирина Шајк се огласи на Инстаграм за да се пофали со фотографија на која позира без ниту едно парче облека на себе, пред нејзиното појавување на карневалот во Рио де Жанеиро.
Имено, 39-годишната руска манекенка пристигна во Рио во проѕирен бел фустан кој ги истакна нејзините долги нозе, а непосредно пред да се појави на карневалот позираше целосно гола на Инстаграм.
„Чест ми е што сум дел од парадата вечерва… Нервозна и возбудена! Бразил, те сакам! Ти благодарам за најтоплиот дочек. Каква одлична можност да бидам тука, да ги славиме животот и љубовта“, напиша Шајк покрај фотографијата.
Може да се види како ги покрива градите со рацете, ги покажува сините нараквици и ѓердан во ист стил кој беше дел од нејзиниот карневалски костим.
Фотографиите што подоцна ги сподели на нејзиното „стори“ на Инстаграм ја прикажуваат манекенката во сина носија која беше покриена со кристали, а исто така имаше сини пердуви на главата и грбот.
Манекенката носеше и сандали со прерамки кои допираа до нејзините колена, исто така во сина боја.
Шајк го привлече вниманието пред неколку дена на модната недела во Милано каде се прошета на ревијата за „DSquared2“.