📷Мурал во чест на Андреј од ДНК осамна во Скопје

од Nikola Popovski
85 прегледи

Трагично загинатиот Андреј Ѓорѓиески кој беше дел од музичката група ДНК, доби мурал во негова чест во скопската населба Аеродром. Имено, неговата сопруга Наталија Ѓорѓиеска на Инстаграм сподели фотографија од муралот.

На муралот, покрај сликата на Андреј, се запишани и стихови од хитот на ДНК со наслов „Круг“. Муралот е иницијатива на Дамјан Јордановски, кој преку објава на Инстаграм сподели колку многу значел Андреј за него.

Андреј е една од 62-те жртви кои трагично го загубија животот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Во исчекување на официјални информации за здравствената состојба на Владимир Блажев, познат како Панчо од ДНК, кој се здоби со сериозни повреди и беше во животна опасност, неговата пријателка Тамара Тодевска сподели позитивни вести. Имено таа одговарајќи на прашањата на следбениците нејзиниот Инстаграм профил, откри дека состојбата на Панчо е подобрена и истакна дека се моли за негово побрзо враќање.

Слични содржини