Наоми Кемпбел моментално ужива на Азурниот Брег, каде што организираше гламурозна забава по повод 55-тиот роденден во Сен Тропе.
Гостите велат дека прославата била уште пораскошна од многу настани организирани како дел од Канскиот филмски фестивал. Но, минатиот месец, „Црниот пантер“ имаше уште една голема причина за славење – таа одбележа четири години откако за прв пат стана мајка. Во мај 2021 година, оваа модна икона го поздрави доаѓањето на својата прва ќерка, и како што самата признава, сите нејзини животни приоритети се променија.
Иако отсекогаш била позната по својот цврст став и темпераментно однесување, Наоми денес зрачи со поинаква енергија – посмирена, поемотивна и семејно ориентирана. Поранешната „кралица на скандалите“ сега живее многу позатскриен живот, фокусирана првенствено на своите деца.
За време на неодамнешната трка од Формула 1 во Монако, каде што беше почесен гостин, многумина коментираа дека „изгледа помлада од кога било“. По настанот, Наоми веднаш се врати во хотелот каде што ја чекаа нејзините деца – ќерка која наполни четири години во мај и син кој наскоро ќе наполни две години. Нивните имиња никогаш не беа јавно објавени, но се знае дека двајцата се родени преку сурогат мајка.
Таа го сподели трогателниот момент со јавноста објавувајќи фотографија на плажа, каде што држи едно дете во раце, а другото за рака. Морските бранови нежно ги допираат нивните стапала, додека во позадина свири безвременскиот хит „Nothing Compares 2 U“ од покојната Шинед О’Конор. Таа напиша со сликата: „Моите љубови, моето срце, моите ангели засекогаш“.
Иако долго време се ширеа разни гласини за тоа како Наоми станала мајка, во интервју за списанието „Вог“ таа еднаш откри дека нејзината ќерка е нејзино биолошко дете. Додаде дека „никогаш не барала татко за своите деца“ и дека се чувствува исполнето и среќно во својата улога како самохрана мајка.
„Слушам многу девојки како велат дека не сакаат деца, а јас им велам – ќе се предомислите. Ќе сакате да бидете мајки. Знам дека е тешко економски, но мајка ми немаше ништо, па успеа. Вреди секој труд. И е неверојатно“, рече таа.
Кога го доби својот син пред две години, го опиша како „дар од Бога“ и нагласи дека „никогаш не е предоцна да се стане мајка“.
Иако мајчинството ја промени, Наоми Кемпбел продолжува да привлекува внимание каде и да се појави – без разлика дали на модната писта, црвениот тепих или гламурозните забави. Денес, таа не е само модна икона, туку и инспирација за многу жени кои размислуваат за мајчинство во подоцнежниот живот.