📷Навивач на Полска платил 60 евра за најлошото место на трибините, не можел да поверува каде го сместиле

од Nikola Popovski
392 прегледи

Репрезентацијата на Полска е првата репрезентација која по само две кола остана без шанси за пласман во нокаут фазата на Европското првенство.

На навивачите на оваа селекција поради тоа не им е лесно, а некои имаа и дополнителни непријатности на трибините.

Како да не беше доволно што мораше да го гледа новиот пораз на својата репрезентација, еден навивач имаше особено лошо искуство на „Олимпискиот стадион“ во Берлин.

На социјалната мрежа на „Х“ се објави фотографија на која се гледа дека пред местото каде што седи има огромен носечки столб кој во голема мера му го блокира погледот.

„60 евра за ова седиште“, стои во описот на фотографијата.

Многумина во коментарите прашуваат како е можно вакво место да постои на стадионот и пишуваат дека УЕФА продавала билети за најлошиот поглед на стадионот.

Слични содржини