📷Њујорчани бараат богатство со магнети – од езеро извлекле сеф со 100.000 долари

од Vladimir Zorba
11,9K прегледи

Трагачи на богатство, додека пребарувале езеро во Њујорк, со магнети извадиле сеф во кој имало околу 100.000 долари. Џејмс Кејн и Барби Агостини во петокот фрлиле магнетно јаже во езерото во паркот Флешинг Медоус Корона во Квинс и го извлекле сефот.

Кога го отвориле, внатре пронашле голема количина банкноти од 100 долари кои биле оштетени од водата. Двојката тврди дека NYPD им дозволила да ги задржат парите бидејќи пронајдениот сеф не бил поврзан со криминални активности.

„И порано сме пронаоѓале сефови. Кога го извлековме, најдовме огромна сума пари во него. Бевме шокирани. Видовме дебели снопови банкноти. Се разбира, тие беа влажни и доста оштетени. Немаше лични документи во сефот, така што е невозможно да се најде сопственикот“, изјави Кејн за Би-Би-Си.

Кејн и Агостини почнале да бараат со магнети за време на пандемијата на Ковид-19. Досега велат дека пронашле гранати од Втората светска војна, пушки од деветнаесеттиот век и мотоцикл.

Слични содржини