📷Официјално: Барселона го објави Дани Олмо

од Vladimir Zorba
14 прегледи

Дани Олмо е играч на Барселона, соопштија од клубот. Каталонците постигнаа договор со РБ Лајпциг, сумата за трансфер е 55 милиони евра + 7 милиони бонуси.

Шпанскиот репрезентативец потпиша 6-годишен договор со Барселона, во кој е вклучена откупна клаузула од 500 милиони евра.

26-годишниот играч од средниот ред игра за РБ Лајпциг од јануари 2020 година. За тимот има 148 настапи во сите натпреварувања, постигнувајќи 29 гола и 34 асистенции. Минатата сезона во Бундеслигата, Олмо забележа 21 натпревар, 4 гола и 5 асистенции. Со репрезентацијата на Шпанија стана и европски шампион за 2024 година.

Дани Олмо се враќа во Барселона по 10 години Тој пристигна во Ла Масија во 2007 година од соседот Еспањол и по седум години минати во Академијата на „Блауграна“ одлучи да ја продолжи кариерата во Хрватска, потпишувајќи за Динамо Загреб. Со овој клуб дебитираше и во Лигата на шампионите.

Слични содржини