Стивен Спилберг моментално работи на нов научно-фантастичен филм за Universal Pictures, а сега е познато кој треба да ги игра главните улоги во него.
Според списанието Empire, Џош О’Конор и Емили Блант моментално се во преговори за мистериозниот филм, чија премиера ќе биде во мај 2026 година.
Деталите за приказната се уште не се познати на јавноста, но се работи за филм за неидентификуван летечки објект. Филмот наводно ќе се вика The Dish.
Сценариото е напишано од Дејвид Коеп, кој работеше со Спилберг на „Паркот Јура“. Филмот е продуциран од Кристи Макоско Кригер, долгогодишната соработничка на Спилберг, која ги продуцираше неговите филмови „Фабелманс“ и „Западна приказна“ пред неколку години.
Емили Блант оваа година глумеше во The Fall Guy и IF, а моментално работи на биографскиот филм за Бени Сафди наречен The Smashing Machine, со Двејн Џонсон.
Џош О’Конор моментално е баран за неговата ѕвездена изведба во спортската романтична драма „Челинџерс“, во која глумеше заедно со Зендаја и Мајк Фаист. Младиот актер моментално работи на новото продолжение на серијата „Knives Out“.