📷Прв напад врз Русија со ракета од американско производство, украинска министерка објави фотографија

од Nikola Popovski
1,4K прегледи

Украинските сили во понеделникот соопштија дека успешно го погодиле рускиот ракетен систем С-300 на руска територија, користејќи оружје доставено од Западот.

„Прекрасно гори. Тоа е руски С-300 на руска територија. Први денови по дозволата да се користи западно оружје на непријателска територија“, објави украинската министерка Ирина Верешчук на Фејсбук со слика на која наводно се гледаат оштетувања од нападот.

Ова доаѓа само неколку дена откако американскиот претседател Џо Бајден ѝ даде дозвола на Украина да изврши ограничени напади со американско оружје на руска територија околу Харков, откако неколку европски држави ги укинаа ограничувањата за тоа како оружјето може да се користи, пишува Си-Ен-Ен.

Не е јасно дали оружјето користено во нападот опишан од Верешук било испорачано од САД.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја пофали одлуката на Бајден да дозволи делумни напади на руска територија како „чекор напред“ за да им помогне на неговите сили да го одбранат воено разурнатиот регион Харков, иако некои аналитичари се сомневаат дека новите слободи значително ќе ја зајакнат способноста на Украина да ја одбие руската инвазија.