📷СКАНДАЛ ВО ЛШ: Навивачи испратија брутална порака до УЕФА

од Nikola Popovski
164 прегледи

„Жолтиот ѕид“ не сака да молчи. По гостувањето во првото коло од новиот формат на Лигата на шампионите, Борусија Дортмунд во второто го пречека Селтик, а повеќе од играта се зборуваше за пораката од навивачите на германскиот тим.

Познато е дека навивачите на Борусија се група која често се бунтува и има свое мислење, а сега имаа едноставна порака до УЕФА и сите кои го водат европскиот фудбал.

„УЕФА мафија“ – стоеше со огромни букви на трибината, за да може јасно да се види на скапо платените ТВ преноси. Навивачите подолу имаа и објаснување. На оградите на трибината беше закачена порака: „Вас не ве интересира спорт, туку само пари!“

Погледнете како тоа изгледаше:

Овие протести веројатно се насочени против новиот формат на Лигата на шампионите. Зголемен е бројот на натпревари, се со цел да се задоволат најголемите клубови кои пред неколку години сакаа да создадат Суперлига во која постојано ќе играат само меѓу себе. Сега Лигата на шампионите е проширена, при што им се дава шанса и на „помалите клубови“ да се изборат и да останат во елитата. Сепак, поголем број на натпревари, повеќе пари од билети и ТВ права се директна услуга за најголемите клубови.

Слични содржини