📷Сопругата на Панчо: Не се договоривме вака…

Панчо седум месеци се бореше за живот по трагичниот настан во кој, досега, загинаа 63 лица

од Vladimir Zorba
73 прегледи

„Не се договоривме вака душо моја, љубов моја, живот мој… ме скрши на милион делови.“

Ова го напиша сопругата на Владимир Блажев – Панчо откако денеска тој почина поради повредите кои ги здоби од пожарот во дискотеката Пулс во Кочани.

Панчо седум месеци се бореше за живот по трагичниот настан во кој, досега, загинаа 63 лица.

Покрај Маја, Панчо зад себе остави и две деца.