📷Волберг изгледа непрепознатливо на сетот на неговиот нов филм

од Vladimir Zorba
44 прегледи

Познатиот актер, Марк Волберг кој глуми мафијашки убиец во крими трилерот „By Any Means“ е фотографиран на сетот, а поради физичката трансформација за оваа улога, за многумина е непрепознатлив.

Изгледа како мускулестиот актер за оваа улога да се здебелил за неколку килограми.

За снимањето носел кафена јакна, црвена кошула, златен накит и очила за сонце, а интересен додаток во раката му била чепкалка за заби. Косата на актерот беше значително подолга од вообичаеното и настрана со дебели бакенбари.

Патем, ова не би било првпат Волберг да се здебели за некоја улога. Тој исто така го направи ова за главната улога во биографската драма „Отец Сту“ од 2022 година, каде што играше боксер кој стана католички свештеник. Тогаш се здебелил околу 13 килограми.

„Штотуку наполнив 50 години кога го завршивме филмот и внесував 11.000 калории на ден. Тоа драстично зголемување на телесната тежина навистина ми нанесе штета во последните седум, осум месеци“, рече Волберг.

Филмот, заснован на вистинска приказна, го следи озлогласениот платен убиец (Марк Волберг) и млад агент на ФБИ кои се здружуваат за да ги истражат убиствата на лидерите за граѓански права во Мисисипи во 1966 година.

На снимањето му се придружи неговиот колега Јахја Абдул-Матин. Во филмот играат и Џанкарло Еспосито, Џош Лукас, Итан Ембри и Никол Бехари.

Слични содржини