Марк Волберг веќе 2 години следи хит диета – се кае што ја открил дури на 50 години

од Vladimir Zorba

Марк Волберг стана легенда поради неговиот строг режим на вежбање. Познато е дека актерот станува во 4 часот наутро за да го одработи својот прв тренинг на празен стомак. Некои навики негувал со години, а постењето го открил пред две години.

„Ме фрустрира тоа што до подоцна во животот не сфатив дека би можел да јадам повеќе ако постам повремено. Жалам што не научив за ова до 50-тата година. Чувствувам дека тоа е режимот кој најдобро функционира “, изјави тој за магазинот GQ.

Холивудската ѕвезда пости по 18 часа дневно, додека за шест часа консумира три оброци.

„Обично појадувам напладне, ручам во 15 часот и вечерам во 18 часот. Јадам јајца, протеински палачинки, чаден лосос, свински котлети, колбаси, бадеми, пилешко, риба и зеленчук“, наброја тој.

Што се однесува до храната во која треба да ужива, неговиот избор се тестенини, бисквити и чоколадо.

Што е повремен пост?

Покрај Марк Волберг, во оваа диета се колнат и некои други ѕвезди како Џенифер Анистон и Хју Џекмен. Тоа е метод кој дозволува јадење само во одреден период од денот. Луѓето најчесто ја избираат варијантата 16:8, форма на пост кој овозможува јадење осум часа дневно, додека останатите 16 гладуваат, односно е дозволено да се пие вода и кафе и/или чај без шеќер и млеко.

Слични содржини