📸🎥Dacia претстави сосема нов електричен Spring

од Vladimir Zorba
538 прегледи

Од премиерата на првата генерација во 2021 година, Dacia продаде 140.000 единици од својот електричен Spring, од кои 61.803 само во 2023 година.

Затоа, урбаниот Dacia Spring е трет најпродаван електричен автомобил во Европа.

Новиот модел со свеж изглед има автономија од 220 километри, а на брз полнач од 30 kW DC од 20 до 80 отсто се полни за 45 минути.