📸📽 Гвардиола излезе на прес со крвав нос и полн со лузни. Слушнете го објаснувањето

од Vladimir Zorba
36 прегледи

Нов неуспех на Манчестер Сити и тренерот на тимот. Откако Пеп Гвардиола загуби пет натпревари во низа за првпат во својата тренерска кариера, се чинеше дека на импресивен начин ќе ја прекине серијата на домашен терен против Феенорд во петтото коло од Лигата на шампионите. До 75. минута водеше со 3:0, но потоа по грешките на Јошко Гвардиол и Едерсон им дозволи на гостите да се вратат на 3:3.

По мечот, Гвардиола на прес-конференцијата се појави со крвава расекотина на носот и многу црвени гребаници и модринки на главата. На новинарско прашање од каде се тие рани, Гвардиола одговори: „Со ноктот си го пресеков носот“, а потоа со насмевка додаде: „Сакам да се повредувам…“, стана и си замина.

Раните и лузните на главата на Пеп и неговата реакција пред камерите на прашањето што се случи со него ги загрижи навивачите на Сити, но и фудбалските навивачи воопшто. Тие на социјалните мрежи пишуваат дека ова е доказ дека Гвардиола е под преголем стрес и дека итно му треба одмор.

Слични содржини