📸 Царинска управа: Спречена нелегална трговија со папагали

од Stefanija Kuzmanovska
281 прегледи

Вкупно 47 папагали се запленети откако српски државјанин сакал без да ги пријави да ги внесе во државава.

Имено, царинските службеници на влез на граничен премин Табановце го прашале дали има нешто да пријави, по што откако одговорил дека нема ништо за пријавување поради сомневање извршиле детален преглед на возилото при што во багажникот се пронајдени кафези со папагали.

Против лицето е поднесена соодветна пријава, а надлежноста за запленетата стока, во случајов живи птици, е предадена на Агенцијата за управување со одземен имот, од каде што се соодветно згрижени.

Слични содржини