📸 Расел Кроу непрепознатлив, актерот се одлучил за неочекувана промена на изгледот

од Stefanija Kuzmanovska
327 прегледи

Австралискиот актер Расел Кроу е непрепознатлив, а причината за тоа е еден потег на ѕвездата. Имено, тој се избричи за првпат по долги пет години.

Последниве години беше познат по својата брада, но сега се одлучи за сосема поинаков изглед.

Ѕвездата на филмот „Гладијатор“ сподели фотографија со своите фанови на социјалните мрежи и ја покажа својата нова промена.

Во описот објасни и навести дека се работи за подготовки за филм.

„Актерски подготовки. Прво бричење од 2019 година“, напиша актерот

Фановите во коментарите напишаа дека Расел изгледа „20 години помладо“.

Слични содржини