Најновиот извештај од Државната изборна комисија покажува дека во изминатите два дена најмногу потписи собрал кандидатот за претседател од ДУИ, Бујар Османи, а веднаш зад него е кандидатот на партијата ЗНАМ, Максим Димитриевски со 3.613 потписи.
Претседателскиот кандидат на Левица, Билјана Ванковска Цветановска, има собрано 2.758, Стевчо Јакимовски 1.974, додека Арбен Таравар има собрано само 246 потписи.
За влез во претседателската трка потребни се 10.000 потписи од граѓаните, а рокот е до 8 март.