Бруталниот масакр на цивили во јужен Израел од страна на ХАМАС на 7 октомври предизвика жесток одговор од израелската армија. Од тој крвав викенд, за време на кој терористите на Хамас убија повеќе од 1.400 Израелци, од кои повеќето цивили, израелските воздухопловни сили безмилосно го бомбардираа Појасот Газа, во кој се наоѓаат членови на Хамас, но и повеќе од два милиона палестински цивили.
Американската компанија Maxar Technologies објави споредбени сателитски снимки од населбите во Газа кои се создадени пред и по израелското бомбардирање. Според податоците на министерството за здравство во Газа, со кое раководи Хамас, се тврди дека од 7 октомври, 7.028 Палестинци биле убиени во израелските напади, вклучувајќи 2.913 деца.
Независните новински агенции не можат да ги потврдат овие податоци, па затоа треба да се земат со голема претпазливост, но треба да се забележи дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во синоќешното ТВ обраќање до нацијата рече дека израелските одбранбени сили (ИДФ) убиле „илјадници на терористи“ и дека Газа е едно од најгусто населените места во светот, каде милитантите на Хамас се мешаат со цивилното население и го користат како жив штит.