📸 Зеленски пристигна во Тирана, ќе учествува на самит заедно со лидери од Западен Балкан

од Stefanija Kuzmanovska
284 прегледи

Претседателот на Украина Володимир Зеленски синоќа пристигна во Тирана.

Зеленски во вторник на аеродромот беше пречекан од министерот за надворешни работи на Албанија, Игли Хасани.

„Голема чест е да се биде домаќин на претседателот Зеленски во Тирана. Ова е клучен момент за подобрување на билатералните врски и солидарноста со Украина во нејзината херојска борба против руската агресија“, напиша Хасани на платформата Х.

Зеленски денеска ќе учествува на Самитот за Украина и Југоисточна Европа, на кој ќе бидат присутни и лидерите на повеќе земји од Западен Балкан.

Неговата прва официјална средба ќе биде во кабинетот на премиерот на Албанија од 9:00 часот, додека во 11:00 часот ќе има прием со премиерот Еди Рама во Конгресната палата.

Слични содржини