📸Единствениот Lanzante McLaren Senna GTR LM 25 оди на аукција

од Vladimir Zorba
154 прегледи

Малку се компаниите кои се способни да претворат исклучителен автомобил во нешто уште подобро, а Lanzante дефинитивно е на таа ексклузивна листа.

Следниот месец на аукција ќе биде продаден еден од најдобриот McLaren кој излегол од британската работилница на Lanzante, а се проценува дека новиот сопственик ќе издвои меѓу 1,4 и 1,6 милиони евра. Станува збор за специјален модел на Senna GTR познат под ознаката LM 25. Lanzante го лансираше својот LM 25 во 2020 година за да ја одбележи 25-годишнината од победата на моделот F1 GTR на 24 часа Ле Ман, а беа произведени само седум примероци за да ги претставува сите седум болиди кои учествуваа на гореспоменатата трка во 1995 година.

Senna GTR прикажан на фотографиите е обоен во иста светло сива боја како и познатата Tokyo Ueno Clinic F1 GTR, доби лесни тркала од алуминиум и јаглеродни влакна, има значка Tokyo Uneo Clinic зад вратите, како и тркачкиот број 59 на прозорците на вратата.

Внатрешноста содржи неколку уникатни детали, седиштата се слични на оние во моделот F1 GTR, ремените се во сина боја, а поставени се и перфорираните златни педали. Lanzante постави волан од карбонски влакна и реплика на F1 GTR налепница на задниот браник.

Аукциската куќа RM Sotheby’s вели дека Lanzante не само што го претворила автомобилот во модел LM 25, туку дека е легален и за британските патишта, што го прави уште попосакуван. Помина помалку од 2.000 километри, а последен пат беше сервисиран во септември 2023 година. Ќе се продава со оригинална документација, слушалки со систем за комуникација за возачот и патникот, како и алат за вадење тркала со централна завртка.

Слични содржини