Актерот Кевин Костнер проговори за медиумските шпекулации дека е во врска со пејачката Џевел, за која се шпекулираше пред речиси седум месеци.
Актерот во вторникот го претставуваше својот претстоен филм во шоуто на Хауард Стерн, а репортерот го праша за врската со славната пејачка.
„Не, Џевел и јас сме пријатели. Никогаш не сме се забавувале. Таа е посебна и не сакам овие гласини да ни го уништат пријателството бидејќи тоа е она што го имаме. Таа е посебна за мене. Таа е доволно убава за да бидан со неа“, објасни Костнер.
Гласините за нивната врска започнаа во ноември минатата година, кога беа фотографирани во интимна прегратка за време на одморот на Карибите. Костнер тврдел дека бил таму затоа што го поканил пријател, а се покажало дека Џевел била таму и работи на проект.
Актерот се разведе од сопругата Кристин Баумгартнер минатиот септември, а според извори блиски до поранешната двојка, таа веднаш по разводот започнала врска со пријателот и сосед на Костнер, Џош Конор.