📸Новиот Dacia Duster на први слики

од Vladimir Zorba
383 прегледи

Новата, трета генерација на популарниот Duster на Dacia ќе има премиера кон крајот на оваа недела (29 ноември), но неколку слики веќе протекоа во јавноста.

Очекувано, дизајнот беше инспириран од концептниот автомобил Dacia Bigster, додека платформата CMF-B беше искористена како основа.

Така, должината на новиот Duster ќе ги надмине сегашните 4,3 метри (ќе биде околу 4,4-4,5 метри), што ќе овозможи попространа внатрешност и поголем багажник.

Засега нема официјални детали, но новиот Duster би требало да биде достапен со 1,2-литарски 3-цилиндричен MHEV мотор со 130 КС, првично само со рачен менувач. Подоцна ќе се појави и бензинец 4×4 LPG, како и 1,3-литарски турбо мотор и автоматски менувач. Во понудата ќе биде и хибридна верзија со 1,6-литарски бензински мотор.

 

Дополнително, Dacia ќе понуди побогата опрема (панорамски подвижен покрив, голем екран на допир, паркинг камера од 360 степени, електрично прилагодливо возачко седиште…), па се очекува цените да пораснат, можеби и уште повисоки. од 20.000 евра за основниот модел.

Слични содржини