📸ОВОЈ ФУСТАН Е ТЕМА БР.1 ВО СВЕТОТ НА МОДАТА: Чини над 2.000 долари, а најуспешната жена направи да изгледа УШТЕ ПОСКАП

од Radmila Tasevska

Моментално една од најуспешните жени во светот Тејлор Свифт го прослави својот 34-ти роденден организирајќи забава во Њујорк.

Пејачката, која неодамна беше прогласена за личност на годината од „The ​​Times“, на својата забава се појави во придружба на пријателката Блејк Лајвли, која доминираше во црн кожен фустан, пренесе Стандард лајф.

Блејк предизвика бурни реакции со својот жежок стајлинг, но целото внимание беше насочено кон роденденската девојка, која и самата дојде во спектакуларно издание. Тејлор за оваа пригода облекла краток фустан, исто така црн, наречен Night Lucina, дизајниран од модната куќа Clio Peppiat.

Тејлор Свифт
Тејлор Свифт

Фустанот, со светкави мотиви на небесни тела, чиј најефикасен детал беше месечината која ѕирка од зад облаците, ја чинеше пејачката 2.400 долари.

Прекрасниот фустан пејачката го искомбинирала со сандали и чанта од брендот Aquazurra, а двете парчиња се украсени со кристали и се многу впечатливи.

Пејачката за нив потрошила вкупно 2.705 долари.

Слични содржини