📸Првата семејна фотографија на Кејт по операцијата, фотограф е Вилијам

од Vladimir Zorba
3,5K прегледи

Британското кралско семејство ја објави првата фотографија од принцезата од Велс по операцијата на стомакот на која таа беше подложена во јануари, објавија новинските агенции. Таа се заблагодари на јавноста за поддршката.

Фотографијата на Кејт и нејзините деца е направена од престолонаследникот Вилијам во Виндзор претходно оваа недела. Истата е објавена на социјалните мрежи по повод Денот на мајката.

„Ви благодарам за убавите желби и континуираната поддршка во последните два месеци“, се вели во објавата придружувана на фотографијата. „На сите им посакувам среќен Ден на мајката“.

На фотографијата се гледа дека Кејт седи, ги гушка принцезата Шарлот и принцот Луис, кои се на двете страни од неа, а принцот Џорџ е зад столот, а четворицата се насмеани.

Ова е прва објавена фотографија од принцезата од Велс откако таа беше примена во приватна болница во Лондон на планирана операција на 16 јануари, забележа ДПА.

Кејт беше отпуштена две недели подоцна и се опоравува во Виндзор.

Детали за нејзината состојба не беа објавени, но Кенсингтонската палата претходно соопшти дека не станува збор за рак. Оттаму додаваат дека Кејт сака информациите за нејзиното здравје да не бидат јавни.

Се очекува принцезата од Велс да им се врати на јавните ангажмани по Велигден.

Слични содржини