📸Рускиот електричен автомобил Atom

од Vladimir Zorba
790 прегледи

Минатата година акционерското друштво Kama претстави прототип на електричен автомобил со име Atom. Сега Atom и официјално е претставен во форма на сериски модел, со најава дека производството треба да започне следната година.

„Атом вклучува создавање на дигитална средина за нова мобилност и самото електрично возило“, наведува АД Кама.

Беше објавено дека „меѓународниот инженерски и технички тим“ на проектот вклучува повеќе од 250 автомобилски дизајнери и ИТ развивачи кои имаат „искуство во имплементација на најголемите проекти во областа на електричниот транспорт, мобилноста и екосистемите во Русија, Кина, Европа и САД“.

Автомобилот е долг 3995 mm, широк 1780 mm, висок 1615 mm и има клиренс од 170 mm.

Возилото ќе биде опремено со електромотор од 150 kW/204 КС, а досегот е 500 километри со едно полнење на батеријата.

Atom електричните автомобили се планира да ги користат, меѓу другите, компании за споделување автомобили, компании за испорака и такси компании.

Внатрешноста на автомобилот, според најавите, се карактеризира со минимализам, а повеќето од функциите на автомобилот може да се контролираат преку мал екран на допир.

Ќе биде овозможено и играње видео игри на екранот на допир, иако оваа опција ќе биде достапна само додека е во мирување од безбедносни причини.

Atom ќе добие и сопствен ADAS пакет системи за помош на возачот. Меѓу нив се и функцијата за задржување лента, функцијата за автоматско паркирање, како и препознавање на сообраќајните знаци.

Atom е изграден на скалабилна платформа на која е можно да се изградат уште поголеми возила.

Возилото ќе се нуди со палета од седум бои (сива, виолетова, сина, црвена, смарагд сина, бела и црна).

Според сегашните најави, Atom ќе започне да се произведува во 2025 година, а компонентите ќе ги снабдуваат околу 90 компании. Меѓу нив, покрај руски компании, има и добавувачи од Турција, Индија и Кина.

Освен во Русија, според претходните најави, Atom планира да се продава и во земјите од Блискиот Исток и Кина.

Слични содржини