Младата В. Г. (19) објави видео на социјалните мрежи, во кое открива дека не е единствената жртва на насилството од Александар Ангелов (35) од Радовиш. Според нејзиното сведочење, ова не е првпат тој да малтретира жени, туку се работи за четврти документириан случај. Во видеото таа го обвинува Ангелов за брутално насилство, нагласувајќи дека нејзината трагедија не е изолиран случај и дека тој редовно напаѓа жени.
„Живеам во странство веќе пет години, но се вратив во Македонија минатата година во март. Тогаш се запознав со него, бев крвнични малтретирана. Веднаш следниот ден го пријавив случајот. Према него имам гнев и многу се плашам бидејќи ѝ се закануваше на мојата фамилија, на сеста ми и на мајка ми. Со него ќе се видам на судење на 8 април“, изјави поранешна жртва за Мета.мк.
Ангелов стана познат откако на социјалните мрежи беше објавено видео каде што тој тепа жена додека е вклучен во живо на ТикТок, што шокираше многумина. По објавата на видеото, тој беше приведен од страна на полицијата, но потоа беше пуштен на слобода, бидејќи, како што велат од Министерството за внатрешни работи (МВР), не биле собрани доволно докази за негово задржување. МВР го сомничи за кривично дело „телесна повреда“, но, наводно, најновата жртва не сака да го гони насилникот.
Случајот уште еднаш ја отвара дебатата за правата на жртвите на насилство и за тоа како правниот систем реагира во овие случаи. Настаните продолжуваат да создаваат загриженост за безбедноста на жените и примената на правдата во земјата.
View this post on Instagram