Барселона со уникатно видео го претстави новиот домашен дрес за сезоната 2024/25, а фановите во коментарите се воодушевени од изгледот на дресот и тоа што во видеото се појавуваат легендите на клубот. Инспириран од наследството, траекторијата и корените на клубот“, стои во описот на видеото кое каталонскиот гигант го објави на социјалните мрежи.
Новиот дрес го произведе американскиот бренд „Најк“, со кој Барселона неодамна потпиша десетгодишен договор вреден 120 милиони евра по сезона. Неодоливо потсетува на оној од сезоната 2006/07. затоа што грбот е во средината, а дресот не е направен така да има вообичаена шема на пруги, туку левата страна е сина, а десната е црвена. Во видеото се појавуваат актуелни играчи на Барселона, како и легендите Роналдињо, Карлес Пујол и Андрес Иниеста.
Коментарите под соопштението на Барселона се крајно позитивни, а некои фанови се дури и шокирани. „Може ли нашиот медиумски тим да го произведе ова? Леле“, „Поубави бои никогаш не сум видел“, „Дефинитивно го купувам и го носам овој дрес“, „Апсолутно убав дрес и презентацијата буди убава носталгија“, „Најдобрата презентација на дрес досега“, се само дел од коментарите на воодушевените фанови.
Barça's new kit for the 24/25 season.
Inspired by the Club's legacy, trajectory, and roots. pic.twitter.com/fqy7UhZMH2— FC Barcelona (@FCBarcelona) July 18, 2024