📹Дурант за мега-трејдот Дончиќ-Дејвис: „Најголемиот што сум го видел“

од Vladimir Zorba
1,2K прегледи

Веста за трејдот меѓу Лука Дончиќ и Ентони Дејвис го шокираше целиот кошаркарски свет, вклучувајќи ги и самите НБА играчи.

Шокиран и изненаден од трејдот што го направија Далас Маверикс и Лос Анџелес Лејкерс беше и еден од најдобрите кошаркари на денешницата, кој долго време е на врвот на НБА според сите статистики, Кевин Дурант.

Крилниот напаѓач на Феникс рече дека ова е еден од најголемите трејдови што некогаш ги видел.

„Почнувате да гледате вакви работи, а како организација ќе се засилите и можеби ќе направите нешто слично. Ова мора да е најголемиот трејд откако сум во лигата како играч или откако го гледам спортот. Ова е неверојатно“, рече Дурант.

Слични содржини