📹Грег Попович изнесен од ресторан на носилки, нови детали од драмата на легендарниот тренер

од Vladimir Zorba
86 прегледи

Грег Попович (76), легендарниот кошаркарски тренер повторно има здравствени проблеми. Му се слошило во ресторан, а детали за непријатната ситуација откри „TMZ Sports“.

Според TMZ, Попович се онесвестил, по што интервенирала Брза помош и го пренела во болница.

На видеото до кое дојдоа американските медиуми, може да се види како Попович околу 20:20 часот влегува на носилки во возило на брза помош.

Официјалните лица потврдија дека повикот бил упатен за постаро лице кое се онесвестило и дека пациентот има медицински состојби кои не се опасни по живот.

Попович и официјално и натаму е тренер на Сан Антонио со кој освои пет титули во НБА лигата, но прашање е дали некогаш повторно ќе се најде на теренот во истата улога.

Инаку, Попович беше и селектор на Соединетите Американски Држави, со кои го освои златото на Олимпијадата во Токио. Пред да стане тренер во Сан Антонио, тој работеше и како асистент во истиот клуб, но и во Голден Стејт, Канзас…

Слични содржини