📹Норис: Верстапен ќе жртвува трки за да ме победи

од Vladimir Zorba
43 прегледи

Според Ландо Норис, неговиот ривал во битката за титулата Макс Верстапен е подготвен да ги „жртвува“ победите во поединечни трки, само за да надвладее над Британецот во битката за светската титула.

Изјавата на возачот на Мекларен доаѓа во време на два драматични моменти наназад меѓу двајцата во последните две трки. Во двата случаи, Верстапен беше исклучително агресивен во своите дефанзивни или напаѓачки акции, што функционираше во САД, но не и во Мексико, каде што доби казна од 20 секунди.

„Мислам дека немам многу да кажам, работите се самообјаснети. Постапив според правилата и нормите, но немаше фер дуел. За тоа беше казнет. На секоја трка очекувам тешка битка со Макс. Јасно е дека не му е важно дали ќе победи или ќе биде втор, неговата единствена цел е да ме победи мене. Тој е подготвен да се жртвува за да ја исполни својата цел, како што се случи во Мексико“.

„Сакам да имам добри борби со него. Сакам да ги имам оние тешки борби што го видов како се бори, но тие да се искрени. Работите секогаш ќе бидат на работ. Макс секогаш ќе биде тежок. Никогаш нема да му олесни никому животот, особено мојот во овој период од годината. Но, тоа не беше фер и чист натпревар. И затоа мислам дека го доби заслуженото“, изјави Норис.

Неговиот дуел со Верстапен продолжува овој викенд со трката за Големата награда на Сао Паоло, на која ќе се одржи петтиот од вкупно шесте спринта во сезоната 2024. Пред тркачкиот викенд во Интерлагос, Норис заостанува од Верстапен со 47 поени во трката за титулата.

Слични содржини