Ливерпул вчера го одигра својот прв официјален натпревар во новата сезона на Вембли, и претрпе пораз во битката за трофејот Комјунити Шилд, натпреварувањето кое го играат шампионот на Премиер лигата и освојувачот на ФА Купот.
Тимот ги вкрсти копјата на Вембли со Кристал Палас, кој победи по подобро изведување на пенали откако резултатот во регуларниот тек на натпреварот беше 2:2.
Спектаклот на „Вембли“ беше нарушен од скандалозното однесување на група навивачи, кои го расипаа оддавањето почит на неодамна починатиот фудбалер на „црвените“, Диого Жота.
Судијата Крис Кавана беше принуден да ги прекине оддавањата почит со минута молчење откако бучавата од делот од трибините каде што беа навивачите на Кристал Палас, предизвика гнев и силни реакции од остатокот од стадионот.
This is why I hate Crystal Palace and there disgusting fan base, booing during the minute silence for Diogo Jota. @CPFC I hope you get relegated and never get back up you broke club pic.twitter.com/YpBBYkbMP8
— Kurdy (@AfcKurdy) August 10, 2025
Капитенот на Ливерпул, Вирџил Ван Дајк, исто така го критикуваше таквото однесување.
„Да, разочаран сум. Тоа е се што можам да кажам. Имаше многу луѓе кои се обидоа да ги смират, но секако тоа не помага. Тоа е, што е. Не можете да контролирате толку многу луѓе колку што имаше тука. 80.000? Значи, да, разочарувачки е да се слушне тоа, но ако тие луѓе си одат дома и се чувствуваат добро во себе…“ рече Ван Дајк.
Од друга страна, менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, беше малку порезервиран во критиките кон неодговорната група навивачи.
„Не мислам дека беше планирано. Можеби некој навивач не бил свесен за минутата молчење и навивал за својот тим, а потоа навивачите на Палас се обиделе да го смират, а нашите навивачи реагирале“, рече Слот.
„Не мислам дека имале лоши намери. Јас сум позитивна личност. Ја гледам почитта што им се покажува на Диого и Андрес низ целиот свет“, додаде Холанѓанецот.
Да потсетиме, Диого Жота загина во сообраќајна несреќа на почетокот на јули на северот од Шпанија, а со него загина и неговиот брат Андре.