📹Учеството на Халанд во дербито против Манчестер Јунајтед под сериозен знак прашалник

од Vladimir Zorba
37 прегледи

Манчестер Сити е загрижен за состојбата на Ерлинг Халанд откако Норвежанецот го напушти стадионот „Виталити“ со патерици и заштитна чизма по победата на неговиот тим со 2-1 на гостувањето кај Бурнемаут во четвртфиналниот дуел од ФА Купот вчера.

Напаѓачот беше заменет во вториот дел од мечот по околу еден час игра, кога на негово место влезе Омар Мармуш, откако очигледно заработи повреда на левата нога по дуелот со Луис Кук.

Халанд се обиде да продолжи да игра, но болките го спречија и Пеп Гвардиола го извади од игра. Очекувањата се дека денеска или најдоцна утре, откако ќе помине првичниот одлив, ќе му бидат извршени дополнителни лекарски прегледи за да се разбере неговата состојба.

Самиот Гвардиола по натпреварот изјави дека нема јасност околу состојбата на играчот и дека ќе мора да почека поголема јасност околу повредата и неговото евентуално отсуство.

Ова го става под сериозно прашање учеството на Халанд на претстојниот натпревар на „граѓаните“ в среда против Лестер во градското дерби со Манчестер Јунајтед во недела.

Слични содржини