📹Земјотрес во Ливерпул: Мо Салах најави заминување!

од Vladimir Zorba
19 прегледи

Најдобриот играч на Ливерпул, Мохамед Салах во екот на својата животна форма објави дека има големи шанси да го напушти „Енфилд“. Само ден по победата во Саутемптон, во која учествуваше со два гола, а „црвените“ избегаа на осум бода од Манчестер Сити, Египјанецот изјави дека е поблиску до заминување отколку останување.

Договорот на Салах со Ливерпул истекува на крајот од сезоната и, како што вели, се уште не добил понуда за нова соработка, што значи дека од јануари би можел да преговара со заинтересираните за да се пресели во нов клуб од летото без надомест.

Ваквиот епилог, при фантастичната форма на 32-годишната ѕвезда, би бил прилично изненадување.

Нема сомнеж дека од овој момент ќе има голем притисок врз управата на клубот. Армијата навивачи на „црвените“ сигурно нема да го прости заминувањето на нивниот најдобар играч и покрај одличната сезона под водство на Арне Слот.

– Декември е скоро тука и се уште не сум добил понуда да останам. Долго сум во Ливерпул, ги сакам навивачите и ова е клуб каков што нема во светот. Сепак, ништо не е во мои раце – Египјанецот ја префрли топката во дворот на клубот.

Се разбира, сè се врти околу парите. Познато е дека Ливерпул е клуб кој го гледа секој цент и во овој момент не сака да избрзува со одлука бидејќи Салах заработува 350.000 фунти неделно.

Тоа секако би значело дека ќе мора да му понуди повеќе пари во последните години од кариерата. Сепак, како што игра во моментов, тој би морал да го направи тоа, дури и да не размислувал за иднината.

Затоа што, Египјанецот е веројатно првиот кандидат за „Златната топка“ ако може да се каже тоа врз основа на стартот на сезоната.

Во сите натпреварувања на 18 натпревари има неверојатен учинок од 12 гола и 10 асистенции. Вистински пример дека годините не треба да се гледаат во фудбалот.

Слични содржини