📽️Фер-плеј потегот на играчот на Манчестер го воодушеви светот – погледнете го одличниот гест

од Nikola Popovski
68 прегледи

Манчестер Јунајтед убедливо со 4:1 го совлада Реал Сосиедад и се пласира во четвртфиналето на Лига Европа. Освен по големата победа на Јунајтед, натпреварот ќе остане запаметен и по брилијантниот фер-плеј потег на Патрик Доргу. Неговиот потег брзо се прошири на социјалните мрежи.

На пет минути до крајот на натпреварот против Сосиедад, кога резултатот се уште неизвесен, судијата Беноа Бастијан досуди пенал за домаќините. Тогаш на сцена стапи новиот играч на Манчестер Јунајтед кој му кажа судијата дека немало контакт и дека одлуката е престрога.

Судијата потоа ја смени одлуката. Бастијан ја прифати неговата сугестија, ја поништи првичната одлука и Јунајтед остана без удар од белата точка. И покрај ова, фудбалерите на Јунајтед постигнаа уште два гола до крајот на натпреварот, победија со 4:1 и се пласираа во четврт-финалето на Лига Европа.

Се огласи и тренерот на Јунајтед, Рубен Аморим. Го пофали потегот на дефанзивецот.