📽️Галатасарај го „испрати“ Мурињо во психијатриска болница по инцидентот со Бурук

од Nikola Popovski
30 прегледи

По натпреварот од Купот на Турција меѓу Фенербахче и Галатасарај (1:2), дојде до инцидент помеѓу тренерот на домашната екипа Жозе Мурињо и тренерот на гостите Окан Бурук, а по скандалот Галатасарај на брутален начин на социјалните мрежи го исмејуваше португалскиот тренер.

По завршувањето на натпреварот, Мурињо му пријде на Бурук и го фати за нос, поради што турскиот тренер театрално реагираше паѓајќи на земја. Овој инцидент предизвика бурни реакции во турската јавност и медиумите, а Галатасарај објави неколку објави на социјалните мрежи во кои го исмева Мурињо.

На официјалниот Твитер профил на Галатасарај беше објавено анимирано видео со Жозе Мурињо како прво зборува на прес-конференција, па како сонува за играчите на ривалскиот тим и на крајот се појавува во психијатриска болница.

Со оглед на тоа што се случуваше по натпреварот, сосема беше природно видеото да стане вирално, особено со оглед на историјата на скандали на Мурињо, при што досега е прегледано над 4 милиони пати.

Нема дилема дека контроверзниот Португалец го чека жестока казна по последниот скандал.

Слични содржини