📽️НАСА објави ВИДЕО од Милтон: На Флорида не ѝ се пишува добро

од Nikola Popovski
503 прегледи

Ураганот Милтон расте како што се приближува до западниот брег на Флорида, покажуваат податоците на Националниот центар за урагани.

Во најновото ажурирање во 20:00 часот по Гринич, се вели дека бурата се наоѓа на приближно 209 километри западно од Форт Мајерс, град на југозападниот брег на Флорида, и се движи североисточно со брзина од околу 26 км/ч.

„Условите брзо ќе се влошат во текот на следните неколку часа, особено кога ќе се движат во внатрешноста на западниот брег. Без разлика колку сме блиску до слетувањето, невозможно е точно да се каже каде ќе се случи најлошиот бран“, изјавил во средата директорот на Националниот центар за урагани Мајкл Бренан, пренесува Си-Ен-Ен.

Уништувањето што би можело да го предизвика ураганот Милтон на Флорида може да има силен ефект врз пошироката американска економија – да влијае на работните места, патувањата, производството, малопродажбата, живеалиштата…

НАСА сподели слики и видео од ураганот Милтон додека минуваше над Мексиканскиот залив, во близина на брегот на полуостровот Јукатан. Во времето кога биле направени фотографиите, ураганот биле ураган од петта категорија. Во Мексико, властите во државата Јукатан пријавиле помала штета од Милтон додека минал над морето.

-Во близина на брегот биле урнати далноводи, улични светилки и дрвја, а уништени се и некои мали градби со сламени покриви, изјави гувернерот на Јукатан, Хоакин Дијаз. Тој пријавил дека нема загинати или повредени.

Американскиот претседател Џо Бајден, зборувајќи во Вашингтон за приближувањето на ураганот, ги повикал сите што ќе се најдат на патот на ураганот Милтон „да ги следат сите безбедносни инструкции“ бидејќи „се работи за живот и смрт“. Бајден рече дека неговиот тим направил „се што можел“ за да се подготви за оваа бура.

„Ветровите ќе дуваат со брзина поголема од 160 км/ч, а бурата ќе достигне и до пет метри“, изјавил американскиот претседател Џо Бајден и додал:

„Знам дека е многу тешко да го напуштите својот дом, вашите работи, се што поседувате, но ги повикувам сите на патот на ураганот Милтон да ги следат сите безбедносни упатства во следните 24 часа“, побарал Бајден.

 

Слични содржини