📽️Терористички напад во Израел: Eден починат и деветмина избодени!

од Nikola Popovski
83 прегледи

На централната автобуска станица во израелскиот град Бершева денеска се случи терористички напад во кој беа ранети девет лица, од кои едното почина на местото на нападот.

Ова го објави „Тајмс оф Израел“, повикувајќи се на лекарите од итната помош кои дошле на помош на настраданите.

Се наведува дека жртвите биле избодени, од кои едната била во критична состојба и не преживеала и покрај укажаната помош.

Останатите ранети се пренесени во болница со полесни и умерени повреди.

Израелскиот весник наведува дека напаѓачот бил ликвидиран.

Слични содржини