📽️Вештачката интелигенција (АI) е иднината на образованието, а министерката на Трамп сè уште не знае како се изговара

од Nikola Popovski
59 прегледи

Секретарката за образование на САД, Линда Мекмахон, ја изговара кратенката А1“ кога се мисли на вештачката интелигенција „АI“. На едукативен самит организиран од инвеститори од Силиконската долина, 76-годишничката постојано погрешно ја изговарала кратенката „AI“ како „A1“.

Нејзиниот говор остава впечаток дека таа не знае да ја изговори една од најраспространетите кратенки во современото општество.

„Постои училишен систем, не знам точно каде во моментов, но кој ќе обезбеди отсега на учениците да им се предава А1 секоја година од прво одделение или дури и од предучилишни програми“, изјавила Мекмахон пред присутните.

„Децата се како сунѓери, апсорбираат сè. Не беше толку одамна кога го воведовме Интернетот во училиштата. Сега да видиме што може да направи А1 за индивидуална настава“, додала министерката.

Да потсетиме дека Интернетот беше воведен во американските државни училишта во средината на 1990-тите, пред речиси 30 години.

Мекмахон нема образование или искуство во областа на образовната политика. Најпозната е по основањето на организацијата која подоцна стана WWE (World Wrestling Entertainment) со нејзиниот сопруг Винс Мекмахон. Во првиот мандат на Доналд Трамп, таа беше директорка на Администрацијата за мали бизниси (SBA).

Слични содржини