📽 Би-Би-Си објави дека Израелците целеле лекари, па се извини

од Stefanija Kuzmanovska
261 прегледи

Би-Би-Си се извини откако нивна водителка тврдеше дека Израел цели медицински персонал и говорители на арапски јазик за време на операциите во болницата Ал-Шифа во Газа.

„Ова беше неточно и погрешно е цитиран извештај на Ројтерс. Она што требаше да го кажеме е дека силите на ИДФ вклучиле медицински персонал и говорници на арапски за оваа операција“, објави подоцна британската телевизиска куќа.

„Се извинуваме за оваа грешка, која беше под нашите вообичаени уредувачки стандарди. Точната верзија на настанот беше емитувана неколку минути подоцна“, соопшти Би-Би-Си.

Телевизиската компанија беше на удар на критики поради известувањето за војната меѓу Израел и терористичката организација Хамас.

Тие се повикаа на „Ројтерс“

Извинувањето уследи откако еврејските водачи ја критикуваа телевизиската куќа. Низ социјалните мрежи се прошири снимка во која новинарка цитира извештај од новинската агенција „Ројтерс“. Новинарката вели дека израелската армија потврдила дека ќе изврши „прецизна и насочена операција“ против терористичката група Хамас во болницата Ал-Шифа во Газа.

„Слушавме од Ројтерс дека Израел вели дека неговите сили спроведуваат операција против Хамас во болницата Ал-Шифа во Газа и целат кон луѓе, вклучувајќи медицински тимови, како и говорници на арапски јазик. Тие исто така велат дека Израел ги повикува сите оперативци на Хамас во болницата веднаш да се предадат“.

Слични содржини