📽 Демолиран штабот на СНС во Нови Сад, во Белград жандармеријата го брани седиштето на владејачката партија

од desk2
20 прегледи

Демонстрантите предводени од иницијативата „Студенти во блокада“ ги демолираа просториите на Српската напредна странка во Нови Сад вечерва, откако претходно се собраа пред објектот на Безбедносно-информативната агенција (БИА) во градот.

Демонстрантите извикуваа слогани против српскиот претседател Александар Вучиќ и СНС и фрлаа камења кон просториите, пред кои вчера имаше големи инциденти, откако приврзаници на таа партија фрлаа пиротехника кон луѓето кои протестираа.

Вечерва пред просториите на СНС немаше симпатизери и членови на таа партија ниту припадници на полицијата.

Центарот на Нови Сад останува целосно блокиран за сообраќај.

Во Белград припадници на жандармеријата стоеја меѓу учесниците на протестот и просториите на СНС лоцирани во центарот на градот. Во еден момент беше фрлен солзавец. Се појавија и припадници на СНС, некои со стапови во рацете.

И таму демонстрантите скандираат пароли против српскиот претседател Александар Вучиќ и полицијата.

Стотици студенти и граѓани го блокираа сообраќајот помеѓу зградите на српската влада и поранешниот Генералштаб, како дел од протестот „Вечерва пукате по шевовите“.

Таму вечерва од, како што вели неговата Партија на слободата и правдата (ССП), со шипка по глава е удрен нивниот пратеник Пеѓа Митровиќ.

Протести има и во над 20-на градови низ Србија.

Засега нема потврда од Кабинетот за инфомацијата на српски медиуми дека српскиот претседател Александар Вучиќ околу полноќ ќе има вонредно обраќање до нацијата по неколкудневните протести.

Слични содржини