📽 Џенифер Лопез ѝ удрила шлаканица и исекла позната актерка по лицето, не се ни извинила

од Stefanija Kuzmanovska
325 прегледи

Актерката Џејн Фонда, со која Џенифер Лопез играше во филмот „Monster in Law“, ги откри деталите од инцидентот на сетот кој латино дивата ја прикажа во сосема ново светло.

Имено, во еден момент Џејн Фонда, која во филмот ја глумеше „свекрвата од пеколот“ Виола Филдс, ѝ рекла на Џенифер никогаш да не удира некого, а потоа да му се извини.

Џенифер Лопез буквално го прифатила нејзиниот „совет“ бидејќи Џејн вели дека таа не ѝ се извинила откако случајно ѝ го исекла лицето додека ја снимала иконската сцена со шлаканици во филмот.

Како што објаснила актерката во емисијата на Дру Баримор, до исекотината дошло затоа што Лопез носела огромен прстен.

„Па, она што веднаш ми паѓа на ум е дека имаме сцена со шлаканици. Јас ѝ удирам шамар, па таа мене, па јас неа. Па Џенифер како Џенифер, мораше да носи огромен дијамантски прстен“, започна таа. „И така, кога еднаш ми удри шлаканица, ми го отвори окото, под мојата веѓа. Знаете, таа никогаш не се извини“, изјави Фонда.

Слични содржини