На аеродром во Јапонија се случил судир на авиони, што е втор ваков сериозен инцидент на пистите во земјата во последните неколку недели.
Авионот на јужнокорејската компанија Korean Air удрил во авионот на Cathay Pacific на аеродромот во јапонскиот град Хокаидо.
Британски „Индипендент“ пренесува дека ова го соопштил официјален претставник на јужнокорејската авиокомпанија.
🚨BREAKING ✈️:
Korean Air & Cathay Pacific passenger aircraft collided at the Hokkaido airport, Japan – NHK Report
Developing story pic.twitter.com/mfwCX5fBRV
— OsintTV 📺 (@OsintTV) January 16, 2024
Од управата на аеродромот соопштиле дека веста за судирот на авионот ја добиле во 17 часот и 30 минути по локално време.
Се наведува дека несреќата се случила кога авионот на Korean Air со 289 патници се подготвувал за полетување.
Нема извештаи за повредени лица.
Се наведува дека само денеска на тој аеродром се откажани повеќе од 46 летови поради обилните снежни врнежи во регионот.
Оваа несреќа се случи само две недели по судирот на авиони на аеродромот во Токио кој имаше фатални последици бидејќи загинаа пет лица.