📽 Два Путина на конференцијата: Претседателот на Русија разговараше со својот „AI двојник“

од Stefanija Kuzmanovska
1,2K прегледи

Рускиот претседател Владимир Путин разговараше со својот „двојник“ за време на неговата годишна конференција.

Имено, за време на конференцијата беше емитувано видео на кое Владимир Путин генериран од вештачка интелигенција му поставува прашање на вистинскиот Путин.

„Дали имате многу близнаци? Каков е вашиот став за опасностите од вештачката интелигенција“, праша AI Путин.

Вистинскиот Путин му одговори:

„Можете да зборувате како мене, со мојот глас, но јас заклучив дека само една личност може да зборува како мене и да го користи мојот глас, а тоа ќе бидам јас“, рече Путин.

Тој додаде дека ова, во случајот со AI, е неговиот „прв близнак“.

„За тоа дали треба да се плашиме од вештачката интелигенција или не, спречувањето на напредокот на вештачката интелигенција, откривањето мириси, сетила и когнитивните способности… е невозможно. Освен ако не можеме да го спречиме тоа, треба да го водиме и управуваме процесот. Сепак, никој не знае каде ќе завршиме“, рече Путин.

Слични содржини