📽 Хамас ослободи две постари Израелки кои биле земени како заложници

од Stefanija Kuzmanovska
622 прегледи

Две Израелки кои биле заробени и држени како заложници од милитантното палестинско движење Хамас се ослободени од Појасот Газа, потврдија од кабинетот на израелскиот премиер и Меѓународниот комитет на Црвениот крст.

Вооруженото крило на палестинската милитантна група Хамас објави дека ослободило две киднапирани жени.

Две постари Израелки кои беа ослободени од палестинската исламистичка група Хамас ѝ се предадени на израелската армија и се на пат кон медицинска установа во Израел, се наведува во соопштението од кабинетот на израелскиот премиер.

Кои се двете ослободени жени?

Во соопштението се наведува дека двете жени, Нурит Купер (79) и Јохевед Лифшиц (85), биле киднапирани заедно со нивните сопрузи од Кибуц Нир Оз, во близина на границата со Газа. Нивните сопрузи се уште ги држи Хамас, објави „Ројтерс“.

Најмалку 222 заложници беа земени кога напаѓачите од исламистичката група, која ја контролира Газа, извршија терористички напад врз израелските заедници на 7 октомври.

Двајца американски државјани кои Хамас ги држеше како заложници беа ослободени во петокот.

Претходно, локалните медиуми известија за можното неизбежно ослободување на 50 заложници од Газа.

Слични содржини