Израелската војска денеска објави дека ја уапсила истакнатата 22-годишна палестинска активистка Ахед Тамими за време на рација на окупираниот Западен Брег.
Израелските сили ја уапсиле Тамими во градот Наби Салех на Западниот Брег во понеделникот, според нејзината мајка.
„Ахед беше уапсена во рација во нашата куќа“, изјавила нејзината мајка Нариман Тамими.
Таа навела дека израелските сили ја пребарале куќата и ги конфискувале мобилните телефони на семејството.
This is Ahed Tamimi, proud Palestinian woman being arrested by armed Israeli gangs! https://t.co/N3Id5K575k
— Miko Peled (@mikopeled) November 6, 2023
Се уште не е наведена причината за приведувањето на палестинската девојка. Таткото на Тамими бил уапсен од израелските сили за време на рација во градот минатата недела.
Во 2017 година, Тамими беше уапсена од израелските сили, откако видео стана вирално на кое се гледа како тогашната 16-годишната девојка ги турка и удира израелските војници кои се обиделе да влезат во домот на нејзиното семејство.
Таа подоцна беше осудена на осум месеци затвор за „напад“ на израелски војник.
Оттогаш Тамими стана меѓународен симбол на отпорот против израелската окупација на Западниот Брег.