Девојчето Сумаја Вушах (11) е една од најмладите новинарки во Газа кои известуваат за Палестинците. Во интервју за „Ал Џезира“, девојчето навело дека не се плаши да известува од завојуваниот Појас Газа, каде од 7 октомври досега во израелските напади се убиени повеќе од 100 новинари.
„Мајка ми и татко ми беа загрижени кога почнав да известувам бидејќи знаеја дека новинарите се цел. Но, видоа дека сакам да го направам тоа и дека сум одлучна, па ми дозволија“, изјави 11-годишното девојче за „Ал Џезира“.
Meet Gaza’s 11-year-old war reporter Sumayya Wushah, who says she was inspired by Shireen Abu Akleh to tell Palestine’s stories. pic.twitter.com/a7vB99nkqa
— Al Jazeera English (@AJEnglish) February 27, 2024
Била инспирирана од новинарка кој била убиена од снајперисти
Сумаја вели дека била инспирирана да ги раскаже приказните за Палестинците во Газа од репортерката на „Ал Џезира“, Ширин Абу Аклех, ветеран новинар која била убиена од израелски снајперисти во Џенин.
„Уште пред војната сонував да станам новинар и сакав да се докажам пред светот. Мојот пример е Ширин Абу Аклех. Господ нека ѝ се смилува. Сакав да работам како што работеше таа“, додало девојчето.
Таа вели дека кога ќе излезе од дома, им кажува на мајка си и на татко си дека „своите надежи му ги полага на Бога“.
„Не знам дали ќе бидам цел додека одам на терен, се враќам од таму или снимам“, заклучило 11-годишното девојче.