286
Неименувана Боливијка му го уништила денот на венчавката на своето поранешно момче чекајќи го да ја напушти црквата со неговата сопруга и посипувајќи ги со мешавина од измет и масло. Притоа, таа ја погодила невестата директно во лицето, а видеото покажува дека се оштетени оделата и на други гости.
Шокантната сцена стана вирална на бројни латиноамерикански портали.
Телевизијата Телемундо во својот извештај наведе дека невестата веднаш по скандалот се огласила на социјалните мрежи и го напишала следново:
„Би сакала да нè оставиш да си го живееме животот во мир сега кога ја дочека својата одмазда“, ѝ порачала таа на својата ривалка, чија страна на приказната засега е непозната за јавноста.