📽 Пукање во продавница во Охајо, има повредени

од Stefanija Kuzmanovska
211 прегледи

Полицијата соопшти дека четири лица се повредени во пукање во продавница на „Волмарт“ во американската сојузна држава Охајо, а напаѓачот се самоубил.

Полицијата соопшти дека нападот се случил во понеделникот и дека сите повредени се пренесени во болница, пренесе АП. Засега не е позната нивната состојба.

Како што се наведува, исто така не е познат мотивот за нападот.

Телевизијата WHIO објави дека најмалку едно лице е убиено, а три други се повредени во пукање во продавница на „Волмарт“ во Биверкрик, Охајо.

Очевидци изјавија дека маж отворил оган со автоматска пушка.

Полицијата во Биверкрик соопшти дека одговорила на пукањето и дека повеќе нема закана за безбедноста, објави „Ројтерс“.

Биверкрик е град со околу 46.000 жители сместен источно од Дејтон.

Слични содржини