📽 Се преврте автобус во Турција: Девет лица загинаа, снимен моментот на несреќата

од Stefanija Kuzmanovska
304 прегледи

Девет лица загинаа, а 30 се повредени, од кои 13 потешко, кога автобус се преврте во вторникот во областа Ајдинџик во јужната турска провинција Мерсин.

Меѓуградскиот патнички автобус, кој се движел кон југоисточната провинција Мардин од областа Мармарис во западна Мугла, при вртење удрил во бариера на излезот од тунелот Саријар во областа Јеникас и се превртел.

По несреќата, на местото на настанот веднаш биле испратени екипи на итната помош, како и екипи за пребарување и спасување и противпожарната бригада.

Повредените со возило на Брза помош се пренесени во болниците.

Гувернерот на Мерсин, Али Хамза Пехливан подоцна изјавил дека несреќата се случила околу 1:15 часот по локално време, на релација Мерсин-Анталија.

„Посакувам Божја милост за нашите загинати граѓани и сочувство до нивните семејства. Посакувам брзо закрепнување на нашите повредени граѓани“, рече гувернерот.

Пехливан рече и дека 13 повредени се во тешка состојба.

Наведувајќи дека истрагата за несреќата продолжува, гувернерот додаде дека возачот „изгубил контрола на излезот од тунелот поради дождот и влажниот коловоз“, додавајќи дека јавен обвинител ја истражува несреќата.

Тој додаде дека сообраќајот меѓу Анталија и Мерсин е отворен во двата правци.

Несреќата ја снимиле камерите на автопатот. На видеото се гледа како автобусот со голема брзина влегува во кривина, удира во бариера и паѓа во канал.

Слични содржини